
По вторпат во низа, караванот од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција одржа спуст на олимписката патека во Лејк Луис, Канада.
Исто така, по четврт пат по ред, победа на ова место забележа Италијанката Софија Гоџа со време од 1:28,96 минути.
На второто место се пласираше Австријката Нина Ортлиб (+0,34), која се искачи на подиумот по третпат во кариерата.
Третата позиција и’ припадна на Корин Сутер (+0,37), четврта беше Јоана Хелен (+0,59), а петтото место го поделија Мирјам Пухнер и Илка Штухец (+0,96).