
Александер Омодт Килде докажа дека е во јака форма, откако триумфираше на воведните два спуста од новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање.
Норвежанецот (1:42,09) денес беше најбрз на патеката со 68% нагиб во Бивер Крик и дојде до третиот подиум во 2022/23 на брзинските дисциплини.
Актуелниот шампион, Марко Одермат (+0,06), беше втор и доцнеше само шест стотинки, но сепак ја задржа жолтата маичка во генералниот поредок.
Изненадувачки, на третото место се пласираше Џејмс Крофорд (+0,79), кој го освои само вториот пиедестал во својата кариера.
Подиумот, за една стотинка, му ,,побегна” на Матија Мајер (+0,80), а под една секунда доцнеа уште Винсент Крихмајер (+0,94) и Ромед Бауман (+0,99).