
По воведните два порази, Њујорк Ајлендерс го искористија домашниот терен и намалија на вкупни 2-1 против Каролина Хурикејнс.
Во третиот меч од осминафиналната серија на НХЛ, претставниците на ,,Големото јаболко” славеа со 5-1.
После две третини, резултатот гласеше 1-1, но Ајлендерс дадоа четири гола во последните четири минути и ја комплетираа својата ,,петарда”.
За Хурикејнс, единствен хокеар што го совлада Илја Сорокин (30/31 одбрани) беше Јеспер Фаст во вториот период.
На спротивната страна, во листата на стрелците влегоа Кејси Сизикас, Кајл Палмиери, Мет Мартин, Скот Мејфилд и Андерс Ли.