
ЦСКА Москва направи пресврт и поведе со вкупни 2-1 во финалето на КХЛ против АК Барс Казањ.
Во третиот дуел, ,,Армејците” го искористија домашниот терен и триумфираа со 3-2.
Победниците постигнаа три гола во втората третина, а во листата на стрелците се запишаа Михаил Григоренко, Максим Соркин и Антон Слепишев.
На спротивната страна, мрежата на Адам Рајдеборн ја затресоа Дмитри Воронков и Александер Радулов.