
Во текот на денешниот ден беше одржано 126. издание на Бостонскиот маратон на кое учество земаа триесет илјади натпреварувачи.
Во машка конкуренција, хет-трик направија атлетичарите на Кенија, освојувајќи ги првите три места на пиедесталот.
Како првопласиран, со време од 2:06:51, заврши Еванс Чебет, оставајќи ги зад себе Лоренс Чероно (+0:30) и најголемиот фаворит – Бенсон Кипруто (+0:36).
Воедно, ова беше и јубилејното 50. издание на кое учествуваат и жените, а од нив, првите три места ги зазедоа Перес Џепчирчир (02:21:32), Абабел Јешанех (+0:04) и Мери Нгуги (+0:31).