
Синоќа, Торонто Блу Џејс го запишаа шестиот пораз во низа, односно четвртиот последователен од Тампа Беј Рејс.
Имено, претставниците на Канада загубија од актуелните вицешампиони со 8-14 дури после два дополнителни ининзи.
Во регуларниот дел, резултатот гласеше 5-5, а веќе после првиот период, Тампа Беј водеше со 0-5.
Најпрво, четири бази освои Ренди Арозарена, а потоа Џои Вендл постигна грен-слем, при кој на теренот беа Мануел Марго, Џи-Ман Чои и Тејлор Волс.
Во продолжение, Владимир Гереро Џуниор постигна два хоум-рани за Блу Џејс, а останатите поени беа дело на Лурдес Гуриел, на Теоскар Хернандез и на Роуди Тељез.
Во десеттиот ининг, двете екипи забележаа по два поени: за Тампа Беј поентираа Брет Филипс и Арозарена, додека во листата на поентерите за Блу Џејс се запишаа Маркус Семиен и Џонатан Дејвис.
Единаесеттиот период беше тотален ,,џек-пот” за Тампа Беј, кои постигнаа ист учинок како во целиот претходен тек на натпреварот.
Овој пат, резултатот на семафорот во корист на гостите од Флорида го променија Мајк Бросу, Тејлор Волс, Џои Вендл, Франциско Мехија, Ренди Арозарена, Брендон Лоу и Мануел Марго.
Почесниот, а воедно и последниот поен за Блу Џејс го забележа Теоскар Хернандез по ударот на Сантијаго Еспинал.
Со единаесеттиот триумф по ред, Тампа Беј (30-19) изби на врвот на Американската лига, додека Торонто (23-23) се наоѓа на осмата позиција.



