Серијата од четири триумфи на Далас Старс беше прекината синоќа, после поразот од 2-1 од Ст. Луис Блус.
Блус имаат победничка низа над Далас на домашен терен, кога се во прашање само мечевите од НХЛ, која датира уште од 9 февруари 2020.
Сè до последната минута од синоќешната средба се чинеше дека гостите од Тексас ќе заминат со минимална победа, откако во втората третина стрелаше Џејсон Робертсон.
Сепак, во последните 47 секунди, домаќините двапати ја затресоа мрежата на Брејден Холтби и направија сензационален пресврт.
Творци на подвигот на Блус беа Рајан О’Рајли и Џордан Кајру во интервал од само 18 секунди помеѓу двете поентирања.
Со новите два бода, Ст. Луис изби на второто место во Западната конференција, додека Далас остана на дванаесеттото место.