
Новогодишната турнеја од Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција започна со денешното натпреварување во Оберстдорф, Германија.
Исто како и на вчерашните квалификации, до триумф дојде Халвор Егнер Гранеруд, кој прескокна 142,5 и 139 метри.
Зад него, подиумот го пополнија двајцата полски скокачи – Давид Кубацки и Пјотр Жила, кои собраа 13,4, односно 17,5 поени помалку.
На четвртото место, најдобар домашен претставник беше Карл Гајгер, а во топ 5 се пласираше и Штефан Крафт.
Во продолжение, пласман во првите десетмина изборија уште Андреас Велингер, Ловро Кос, Даниел Чофених, Камил Штох и Анже Ланишек.