
Репрезентацијата на Буркина Фасо е првиот четвртфиналист на Африканскиот куп на нации, откако, во првата рунда од плејофот, славеа над Габон после пенали.
Во текот на мечот, Бертранд Траоре промаши пенал (18′), но десет минути подоцна стрелаше за водство на победничкиот состав од 1-0.
Во 67. минута, Сидни Обиса доби втор жолт картон и го остави Габон со играч помалку на зелениот тревник.
Сепак, покрај играчкиот дефицит, номиналните гости изборија реми, односно продолженија и пенали, со автоголот на Адама Гира (90+1′).
На пенал-рулетот, потребни беа вкупно девет серии за да се добие победникот, а трагичари за Габон беа Гелор Канга, Јанис Н’Гакуту и Лојд Палун.
Во наредната фаза, Буркина Фасо ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Тунис и Нигерија.