
Во рамките на тринаесеттото коло од македонската Суперлига, екипата на МЗТ Скопје славеше со 71-86 над Кожув во салата ,,26 Април”.
Клубот од Аеродром дојде до конечен триумф со убедлива игра во второто полувреме и покрај одличното парирање на Кожув во првиот дел.
Од победничките редови, дури шест играчи беа двоцифрени, а најефикасни од нив беа Кристијан Николов и Немања Милошевиќ со 17, односно со 14 поени.
Кај составот од Гевгелија, новите засилувања, Елџеј Кохерд (17 кошеви) и Тревор Бродвеј (28 кошеви), имаа одлично деби, но недоволно за домашно славје.
На табелата, МЗТ (10-3) го држи второто место, додека Кожув (5-8) падна на деветтата позиција.