
После шесте победи на првите шест пресметки, екипата на Вестерн Булдогс го запиша и првиот овосезонски пораз.
Имено, во рамките на седмото АФЛ коло, шампионите од 2016 беа поразени од Ричмонд Тигерс со (11.11) 77-55 (7.13).
Булдогс водеа во текот на целото прво полувреме, а ,,Тигрите”, со одличната трета четвртина што ја добија со 32-7, направија целосен пресврт.
Во отсуство на асот Дастин Мартин, најефикасен кај Ричмонд беше Том Линч со 23 поени (3.5), а по него следуваше Шеј Болтон (3.1).
Од поразениот состав, најмногу се истакна Арон Нотон (3.0), додека ,,најистурениот” фудбалер, Џош Брус, имаше учинок од (1.2).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Булдогс останаа на првата позиција, додека Ричмонд скокна на петтото место.



