Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера црногорски: Будванска ривијера), е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура. Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.
Будва е центарот на црногорскиот туризам. Со повеќе од 250 000 посетители во летната сезона 2005, кои направиле вкупно повеќе од 1,6 милиони ноќи престој, Будва е убедливо најпопуларната дестинација во Црна Гора. Будва е сѐ попривлечна со секоја измината година, или заради вкупната должина на песочни плажи од 11 310m или заради огромното културно наследство и прекрасната архитектура.
Најпопуларната плажа во Будва е Могрен. Се наоѓа помеѓу неколку големи карпи, а до неа се стигнува преку пат од стариот дел на Будва долг 500m. Меѓу другите плажи што се во официјалните граници на градот се Ричардова глава, Пизана, Словенска и Гуванце. Многу други плажи се наоѓаат надвор од Будва, во помали градови и села, како Бечиќи, Јаз, Трстено, Маестрал, Милочер, Свети Стефан, Пржно и Каменово.
- Будва е наречена црногорски Кувајт, заради огромниот број на милионери, во споредба со нејзината мала населеност. По големата експлозија со недвижнини во Будва од 2000 година наваму, многу од староседелците ги продале нивните имоти во и околу Будва на странски купувачи, најчесто Руси, Ирци и Британци. Некогаш неразвиените полиња сега се продаваат за околу 1000 евра по квадратен метар. Ова довело до прераснување на сиромашното рибарско село во град со најмногу милионери (сразмерно со нејзиното вкупно население) во Европа. Многу од неодамна збогатените луѓе ивестираат повторно во недвижнини, купувајќи станови во Подгорица и Белград, што ги кренало цените на просторот за живеење во Подгорица.
- Будва е најмалиот град во којшто се оддржал концерт на Ролинг Стоунс (The Rolling Stones). Концертот се оддржал на 9 јули 2007, на плажата Јаз, како дел од нивната турнеја А Бигер Бенг Тур (A Bigger Bang Tour). На концертот се појавиле околу 35 000 посетители, трипати повеќе од населението на Будва.



