
Бризбејн Бронкос им го нанесоа третиот овосезонски пораз на Кронула Шаркс, откако во осмото коло на НРЛ ги совладаа со 16-7.
После првото полувреме, Кронула водеше со 6-7, откако двете екипи имаа по еден полн есеј, а разликата ја направи дроп-голот во последните секунди пред паузата.
Во вториот дел, домаќините врзаа десет поени и дојдоа до конечен триумф.
За Бризбејн, Котони Стагс (37′) имаше еден есеј и една конверзија, Херби Фарнворт (44′) и Курт Кејпвел (49′) положија по еднаш и уште во еден наврат успешно конвертираше Адам Рејнолдс.
На спротивната страна, Николас Хајнс беше задолжен за шутевите, а Мет Мојлан (20′) беше прв играч што ја внесе топката во противничката енд-зона.
На табелата, Кронула остана на четвртото место, додека Бризбејн изби на осмата позиција.