
Петтото коло на финската фудбалска Веикауслиига го отвори сто четириесет и седмото градско дерби на Хелсинки.
На него, по педесет и осми пат во историјата, славеше ХЈК, кој го порази ХИФК со резултат од 0-2.
ХЈК беше подобар во текот на цел натпревар, а трудот се исплати во продолжението на првото полувреме, кога стрелаше Миро Тенхо (45+1′) за првпат сезонава.
Во вториот дел, номиналните гости ја удвоија својата предност преку Србинот Бојан Радуловиќ (70′), кој реализираше со глава само три минути откако влезе во игра.
Со новите три бода од ,,Стадин дерби”, ХЈК изби на второто место, додека ХИФК остана на последната позиција.