
Бризбејн Лионс одлично се вратија од разочарувачкиот пораз во првото коло од Порт Аделаид Пауер и ги совладаа фаворизираните Мелбурн Демонс со (14.9) 93-82 (13.4).
,,Лавовите” дојдоа до конечен триумф, благодарение на двете серии од 26-0 во првата и од 19-0 во третата четвртина.
За победничкиот состав, најефикасен поединец беше Џоу Данихер (4.2), а по два гола постигнаа уште Дејн Зорко (2.0), Зек Бејли (2.0) и Чарли Камерон (2.0).
На спротивната страна, најистакнати во офанзивата беа Бен Браун (4.0) и Бејли Фритч (3.1).
На табелата, Мелбурн го зазема шестото, а Бризбејн – десеттото место со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
Кон средината на четвртата четвртина, натпреварот беше во прекин од половина час поради проблеми со електричната енергија на стадионот ,,Габа”.