
Последниот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во крос-кантри, одржан во Лахти (Финска), започна со последните екипни спринтови.
Во женска конкуренција, очекувана победа оствари Шведска 1 (18:47,78), односно Ема Рибом и Јона Сундлинг.
Втората позиција на Норвешка 1 (+4,57) и’ ја донесоа Јулие Мире и Ане Шерсти Калваа, а третопласирана беше Германија 1 (+5,12) т.е. Лаура Гимлер и Колина Ридзек.
Кај мажите, до триумф дојдоа Ерик Валнес и Јоханес Клебо за Норвешка 1 (16:28,2) со неполна секунда предност пред Италија 1 (+0,7) за која скијаа Франческо Де Фабијани и Федерико Пелегрино.
Најниското скалило на пиедесталот го зазеде Норвешка 2 (+2,7), чиишто бои ги бранеа Харалд Остберг Амундсен и Синдре Бјорнштад Скар.