
Бризбејн Лионс играат победнички фудбал против фаворизираните екипи, имајќи предвид дека загубија од Порт Аделаид Пауер и од Вестерн Булдогс, а ги совладаа Мелбурн Демонс и Колингвуд Мегпајс.
Имено, во првиот меч од четвртото коло на АФЛ, ,,Лавовите” ги декласираа ,,Страчките” со (18.8) 116-83 (11.17) и им го нанесоа првиот овосезонски пораз.
Колингвуд подобро влезе во натпреварот, но втората четвртина, домаќините ја добија со 38-3 и ја презедоа контролата во свои раце.
Од победничкиот состав, во офанзивата, најмногу се истакнаа Чарли Камерон (6.1), Кем Рајнер (4.1), Ерик Хипвуд (2.1) и Џоу Данихер (2.0).
На спротивната страна, двоцифрен поентерски учинок имаа Броуди Мајочек (3.1), Ник Даикос (2.2) и Боби Хил (2.1).
На табелата, Колингвуд падна на второто место, а Бризбејн скокна на осмата позиција.