
Пеликанс поведоа со 2-1 во полуфиналето на финската Лиига против Илвес, добивајќи го третиот натпревар со 2-3.
На мечот беа приредени два пресврти, по еден и на двете страни, пред ,,Пеликаните” да го добијат цел плен.
За Илвес, во листата на стрелците се запишаа Хенрик Хаапала во првата и Томи Тика во втората третина.
На спротивната страна, двапати реализираше Бен Блуд, а еднаш Тајлер Келер.