
Во дербито на седмото коло од АФЛ, Бризбејн Лионс им го нанесоа вториот овосезонски пораз на Сиднеј Свонс, поразувајќи ги со (13.11) 89-113 (17.11).
,,Лавовите” стекнаа капитална предност во втората четвртина, добиена со 7-40, но во третиот квартал, домаќините се доближија на само три поени разлика со серијата од 30-0.
Сепак, до доаѓањето на третата пауза, Бризбејн уште еднаш го зголеми своето водство на +29 што беше доволно за прва победа на ,,Сиднеј Крикет Граунд” после тринаесет години.
Од редовите на Свонс, најефикасен со шест гола беше искусниот Ленс ‘Бади’ Френклин (6.0), а хет-трик постигна и Ајзак Хини (3.0).
Кај гостите, најрасположени во офанзивата беа Кем Рејнер (3.2), Даниел МекСтеј (3.0), Чарли Камерон (3.0) и Дејн Зорко (2.3).
На табелата, Бризбејн го дели второто место со Фриментл Докерс, додека Сиднеј е петти со ист број на поени како Ст. Килда Сеинтс и Карлтон Блус.