вторник, март 28, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(ВИДЕО) Неверојатен гол, титула за Виган, Сандерленд во плејоф: Последно коло на Лиг 1

Епов Насе ✏️ Епов Насе
мај 1, 2022
📁 Спорт, Фудбал
📸 Charlotte Tattersall/Getty Images

Последното коло од англиската Лиг 1 ги реши сите дилеми кога се во прашање директната промоција, пласманот во плејофот и релегацијата.

Имено, после двегодишно отсуство, во Чемпионшип, како третолигашки шампион, се враќа екипата на Виган, која вчера го порази Шризбери со 0-3.

Гостите стекнаа водство со автоголот на Џош Вела (43′), а во вториот дел, двапати погоди Вил Кин (50′ од пенал, 65′), кој го освои и првото место во листата на стрелците со 26 голови.

Thank you, Mr Chairman 👏🏻@TalalAlHammad32 💙#wafc 🔵⚪️ #BELIEVE pic.twitter.com/R0VJdmqrOS

— Wigan Athletic (@LaticsOfficial) April 30, 2022

Втората позиција на табелата ја зазеде Ротерам, откако го порази Џилингем со 0-2 со головите на Рармани Едмондс-Грин (34′) и на Џорџи Кели (89′).

Популарните ,,Милерс” уште еднаш го оправдаа епитетот на јо-јо клуб со тоа што по шести пат во последните шест сезони се преселија од една во друга лига.

Во битката за директен пласман, на пораз на двата горенаведени ривали се надеваа МК Донс, кои накрај завршија на третото место и покрај победата од 0-5 над Плимут Аргајл.

Четири гола за Донс постигна Скот Твајн (17′, 40′, 60′, 77′), а еднаш погоди Хари Дарлинг (43′).

Во претходните дваесет и два натпревари на домашен терен, Плимут прими само четиринаесет голови, но со вчерашната ,,петарда” во најважниот меч, ги загуби шансите за плејоф и заврши на непосакуваното седмо место.

Овој резултат му отиде во прилог на Викомб, односно на тимот што славеше кај Бартон Албион со 1-2.

Најпрво, Сем Воукс (43′) им донесе водство на Вондерерс, Гасан Јајаи (72′) израмни на 1-1, а за победа и за плејоф стрелаше Џордан Обита (85′) на пет минути пред крајот.

На четвртата позиција на табелата се пласираше уште еден минатосезонски второлигаш, Шефилд Венздеј, кој го победи Портсмут со 4-1.

Портсмут поведе на стартот преку Џорџ Хирст (4′), а славјето на ,,Утките” го донесоа Ли Грегори (17′), Саидо Бераињо (36′), Џордан Стори (40′) и Џорџ Бајерс (86′).

Противник на Венздеј во првата рунда од доигрувањето ќе биде петтопласираниот Сандерленд.

,,Црните мачки” во последното коло рутински ја оправдаа фаворитската улога и го добија Моркемб со 0-1, благодарение на Нејтан Бродхед (10′).

Гореспоменатиот Џилингем, кој загуби од Викомб, беше најнесреќниот тим на денот, бидејќи беше прв ,,под цртата” и отпадна од третата лига само поради полошата гол-разлика од Флитвуд.

Во ,,црвената” зона, уште од претходно, се наоѓаа екипите на Донкастер, на Вимблдон и на Кру Александра, чиишто места со сигурност ќе ги заземат Ексетер и Форест Грин.

Последното коло исто така го одбележа и еден од најчудните погодоци во ,,режија” на Дион Чарлс (86′) од Болтон во победата од 4-2 над Флитвуд.

The perfect slide tackle doesn't exi….#EFL | @OfficialBWFC pic.twitter.com/KF7o7uYmDY

— Sky Bet League One (@SkyBetLeagueOne) May 1, 2022
Tags: англијаВиганЛиг 1Фудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Аризона ја освои меѓусебната серија со Ст. Луис

Следна вест

(ВИДЕО) Бризбејн го доби дербито на колото за прва победа во Сиднеј после 2009

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години
Останато

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години

✏️ Епов Насе
28/Мар/2023
Струга стигна до победа во Куманово
Ракомет

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Мар/2023
Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)
Ракомет

Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Мар/2023
(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс
Останато

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

✏️ Епов Насе
28/Мар/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Бризбејн го доби дербито на колото за прва победа во Сиднеј после 2009

(ВИДЕО) Бризбејн го доби дербито на колото за прва победа во Сиднеј после 2009

Последно

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца

(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.