Поранешниот светски и европски шампион, Давид Силва, неодамна го најави заминувањето од Манчестер Сити. Во дресот на ,,Граѓаните”, Шпанецот одигра 309 натпревари на коишто постигна 60 голови. Во својата англиска авантура, во четири наврати беше шампион на Англија, двапати го освои ФА Купот, беше петкратен победник на Лига Купот и трипати го освои Комунити Шилд.
Претходно, во кариерата, го носеше дресот на Валенсија со едногодишни позајмици во Селта и Еибар.
Денес, официјално, како слободен играч, Давид Силва реши да ја продолжи кариерата во својата татковина во редовите на Реал Социедад.



