
После воведниот триумф, Милвоки Бруерс ,,капитулираа” на вториот домашен натпревар од четврт-финалето на МЛБ.
Имено, ,,Пиварите” синоќа беа надиграни на ,,Американ Фемили Филд” од Атланта Брејвс со резултат од 0-3.
Гостите од Џорџија, односно нивните фрлачи, во потполност ги неутрализираа ривалите, дозволувајќи им само шест освоени бази.
Од нив, неверојатна партија одигра стартерот Макс Фрид, кој за шест ининзи направи дури девет страјк-аути.
Од удирачите, во третиот период по четири бази освоија Хорхе Солер и Фреди Фримен, а во шестата деветтина, Остин Рајли забележа хоум-ран.
Веќе од денес, двете екипи се селат во Атланта, каде што првиот дуел ќе се одигра на 11 октомври со почеток од 19.07 часот по македонско време.



