
Минатосезонскиот вицешампион на турската одбојкарска Ефелер лига, во првото коло од новата сезона, го порази актуелниот вицешампион од Првата лига (втора дивизија).
Имено, новајлијата во турската елита, Чизре Беледијеши, на домашен терен беше поразен од фаворизираниот Фенербахче со вкупни 0-3.
По сетови, резултатот гласеше 18-25, 18-25 и 22-25 во корист на претставниците на Истанбул.
Сепак и покрај навидум убедливо добиените партии, Чизре беше далеку од инфериорен тим и најави дека спортската сала ,,Ширнак” ќе биде тешка за освојување од било кој противник.
Кај победничкиот состав, Метин Тој беше најефикасен со 17 поени, а покрај него, двоцифрен учинок имаа Јасин Луати (16), Салвадор Хидалго (12) и Мохамад Мусави (10).
Од друга страна, под водство на тренерот Нури Шахин, со 9, односно со 6 поени, најмногу се истакнаа Лукас Дивис и Андач Капан.
Во досегашниот тек на првото коло, освен Фенербахче, максимални победи изборија Кизилтепе и Аркасспор.



