
Во првиот меч од божиќната НБА програма, Њујорк Никс ги совладаа Атланта Хокс со 101-87.
Домаќините одлично го отворија мечот и водеа во текот на сите 48 минути игра што беше доволно за третата врзана победа над ривалите од Џорџија.
Кај Хокс, во отсуство на асот Тре Јанг, најефикасен беа Џон Колинс и Делон Рајт со по 20 постигнати поени.
Од домашните редови, до третиот трипл-дабл во кариерата дојде Кемба Вокер, кој стана прв играч во историјата на Никс и седми во историјата на НБА со три двоцифрени статистики на Божиќ.
Вокер имаше 10 поени, 10 скокови и 12 асистенции, а од неговите соиграчи, дабл-дабл запиша Џулиус Рендл (25 кошеви и 12 скокови).
На Истокот, Атланта (15-17) го држи единаесеттото место, односно се наоѓа за една позиција погоре од Њујорк Никс (15-18).



