
По еднонеделната пауза за ,,Ол-Стар”, Бостон Селтикс триумфално се вратија во ритам, совладувајќи ги Бруклин Нетс со 106-129.
Селтикс водеа во текот на цел натпревар, а нивната предност беше двоцифрена константно.
Во составот на Нетс фалеа неколку првотимци, односно Горан Драгиќ, Кајри Ирвинг, Кевин Дурент и Бен Симонс.
Во нивно отсуство, најрасположени во нападот беа Сет Кари и Брус Браун со 22, односно со 15 поени.
На спротивната страна, Џејсон Тејтум заби 30 кошеви, а уште 18 додаде Џејлен Браун.
Во Источната конференција, Бостон (35-26) го држи шестото место, а Бруклин (31-29) ја зазема осмата позиција.




