
На 30 јануари 2022, со триумфот од 1-0 над Ванкувер Кенакс, започна серијата од десет последователни победи на Калгари Флејмс.
Сепак, синоќа, истиот ривал ја прекина успешната низа на доминантен начин, триумфирајќи со 7-1.
Во втората третина, 5/13 (38,46%) шутеви на Ванкувер влегоа во противничката мрежа, а уште два погодоци беа додадени во воведните седум минути од третиот период.
За првпат во својата историја, Кенакс постигнаа гол на еден меч од четири различни ситуации: игра 5 на 5, со играч помалку, со играч повеќе и од пенал.
Двојни стрелци за победничкиот состав беа Елијас Петерсон, Џеј Ти Милер и Бо Хорват, а еднаш погоди Конор Гарленд.
Од друга страна, почесен погодок за Флејмс постигна Ендру Манџапане на две минути пред крајот.
Во Западната конференција, Ванкувер го држи единаесеттото место, додека Калгари ја зазема втората позиција.



