За првпат после полуфиналето од сезоната 2019/20, Бостон Селтикс ги добија Мајами Хит на домашен терен.
Синоќа, претставниците на Флорида загубија во Масачусетс со 122-92 после двете последователни победи во ,,ТД Гарден”.
Селтикс го започнаа нечот со серија од 12-2, но Мајами успеа да израмни на 32-32 во втората четвртина.
Сепак, до крајот, домаќините беа во константна позитива за убедлив конечен триумф.
Дабл-дабл од победничките редови постигна Џејсон Тејтум (20 поени и 12 скокови), а поефикасен беше само Џејлен Браун со 29 поени.
Од противничкиот табор, во отсуство на вкупно седум кошаркари, најрасположени во нападот беа Макс Штрус и Кејлеб Мартин со 27, односно со 14 кошеви.
Во Источната конференција, Бостон (27-25) го зазема деветтото место, додека Мајами (32-19) падна на втората позиција.