Македонската манекенка Андријана Илиоска од Скопје е девојка која може да се пофали со многу успеси зад себе. Мината година учествуваше на Аrab Fashion Week (Арапска модна недела) кој се одржа во Дубаи и траеше девет дена. Покрај тоа младата манекенка учевствувала и на ревии на други познати дизајнери од Дубаи, Париз, Полска, Милано и САД.
Андријана во својата кариера има и многу награди и од повеќе избори за Мис:
- титула „Мис бикини“, на изборот за „Мис Аура интернационал 2020“, од Кемер, Турција
- титулата Мис на Медитеранот 2018, на интернационален избор за убавина кој се одржа во Киренија, Кипар
- победничка на изборот Мис на Македонија за 2017 за Miss Globe
Во продолжение уживајте во убавината на Андријана:




