Започна снимањето на новата сезона на долгоочекуваната ТВ серија „Преспав“. Шестата сезона од популарната серија ќе има нови 20 епизоди реализирани во копродукција на ОХО и МРТВ, од каде најавуваат бројни изненадувања и многу хумор.
Новата, трета по ред сезона на „Преспав“ ќе започне да се емитува на 17 декември, овој пат на фреквенцијата на јавниот сервис – МТВ, за време на викендите во сабота и недела, со почеток во 20.15 часот на првиот програмски сервис.



