Денес започнува новиот фудбалски шампионат на Македонија. Вардар ќе ја започне одбраната на титулата во Скопје каде му гостува тимот на Борец од Велес.
Како што дознава вардаровиот портал ,,Вардар Фанс”, најдобриот играч и стрелец од минатиот шампионат, Даниел Аврамовски денеска ќе биде во составот на Васоски и ќе го започне дуелот од првата минута.



