Да имаше награда за најубав погодок на Боксинг деј, ќе му припаднеше на фудбалерот на Кардиф, Вил Волкс, затоа што од пола терен прецизно и мајсторски ја погоди противничката мрежа.
Во мечот помеѓу Кардиф и Брентфорд кој се играше во рамките од 21. коло во Чемпионшип, Волкс погоди мајсторски за во тој момент водство 1:0 со шут од својата половина од теренот точно пред паузата за полувреме. На крајот мечот заврши со резултат од 2:3 во корист на Брентфорд. Во прилог и видео од прекрасниот гол:



