
Со синоќешната победа од 111-117, Атланта Хокс ги поразија Њујорк Никс за првпат после четирите врзани меѓусебни порази.
Во неизвесен дуел, Хокс успеаја да слават, иако губеа и со десет разлика во четвртата четвртина.
Најефикасен од победничките редови беше Тре Јанг со 45 поени, а Богдан Богдановиќ со 32 кошеви го одигра својот најдобар меч во сезоната.
На спротивната страна, дабл-дабл запиша Ар Џеј Берет (30 поени и 13 скокови), а втор стрелец со 21 поентирање беше Алек Буркс.
Во Источната конференција, Атланта (36-36) го држи десеттото место со половичен учинок, додека Никс (30-42) се наоѓаат две позиции подолу.