
СКА Ст. Петербург направи пресврт во четвртфиналето на КХЛ против Спартак Москва и поведе со вкупни 2-1.
На првиот меч од плејоф-фазата на Спартак во домашната ,,Мегаспорт Арена”, гостите од Ст. Петербург триумфираа со 1-2.
СКА дојде до двојна предност во втората третина, кога мрежата на Оскар Данск ја затресоа Антон Бурдасов и Игор Ожиганов.
Во третиот период, домаќините намалија преку Андреј Локтионов, кој за жал на домашната публика постигна само почесен погодок.