
На саботната програма во Контиолахти (Финска), во рамките на Светскиот куп во биатлон, беа првите овосезонски спринтови.
Во машка конкуренција, до победата стигна Јоханес Тингнес Бо (23:09,0), кој воедно ја презеде и жолтата маичка во генералниот поредок.
На второто и на третото место завршија единствените двајца скијачи со стопроцентен стрелачки учинок од првите десетмина – Штурла Холм Лагреид (+10,5) и Роман Реес (+28,8).
Во првите пет, исто така, се пласираа уште Себастијан Самуелсон (+36,2) и Емилиен Жакелан (+39,5).
Кај дамите, до третата победа во Светскиот куп и прва после точно една година и еден ден стигна Лиза Тереза Хаузер (20:39,5).
Второто место за втор овосезонски подиум го зазеде Лиза Витоци (+17,3), а Швеѓанката Лин Персон (+24,2) беше третопласирана.
Пиедесталот на Канаѓанката Ема Лундер (+25,4) и’ избега за 1,2 секунди, додека пласманот во топ 5 го заокружи Ана Вајдел (+26,6).