
По вторпат во низа на меѓусебните дуели, Бостон Селтикс ги добија Филаделфија 76ерс, откако синоќа славеа со 88-87.
Мечот беше неизвесен во целиот свој тек, а особено во самата завршница, кога Роберт Вилијамс го изблокира шутот за три на Тобијас Херис во последната секунда и избори триумф за Селтикс.
Најефикасен од победничките редови беше Џејсон Тејтум (26 поени и 13 скокови), а Денис Шредер додаде уште 13 кошеви.
Кај Филаделфија, Џоел Ембиид направи дабл-дабл од 13 кошеви и од 18 скокови, додека Сет Кари уфрли 17 поени.
Во Источната конференција, Бостон (12-10) го зазема осмото, а Филаделфија (11-11) – единаесеттото место.