
Во петнаесеттото коло од италијанската Серија А, Сасуоло и Наполи ремизираа со резултат од 2-2.
Гостите од Неапол стекнаа брзо водство во второто полувреме со головите на Фабијан Руиз (51′) и на Дрис Мертенс (60′), при што Пјотр Зиелински запиша две асистенции.
Во 72. минута, Џанлука Скамака намали на 1-2 со својот петти овосезонски погодок, а реми за домаќините донесе капитенот Џан Марко Ферари (89′).
Ситуацијата за Наполи ќе беше далеку потрагична доколку голот на Грегуар Дефрел (90+3′) не беше поништен со ВАР поради фаул над Амир Рахмани.
Сепак, ,,Аѕурите”, иако имаа навидум убедлива предност, успеаја да се извлечат и да се вратат во Кампанија со еден освоен поен.
Поради протести во судиското продолжение, гостинскиот тренер, Лучано Спалети (90+2′), заработи црвен картон и ќе го пропушти наредниот дуел против Аталанта за три дена.
Македонскиот интернационалец, Елиф Елмас, влезе во игра на стартот на второто полувреме наместо Лоренцо Инсиње и со тоа го запиша јубилејниот стоти настап за Наполи.
И покрај ремито, Наполи го задржа првото место на табелата со бод предност пред Милан, додека Сасуоло остана на дванаесеттата позиција.