петок, март 24, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт ЛОИ Токио

Сонот стана јаве: Патот до олимпискиот медал на Дејан Георгиевски

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 27, 2021
📁 ЛОИ Токио, Спорт
📸 Maja Hitij/Getty Images

Како дел од поранешната Југославија, Македонија има вкупно осум медалисти на Летните Олимписки Игри.

Сепак, откако ја доби својата независност, нашата држава се оддалечи од олимписките одличја.

Имено, единствен освојувач на олимписки медал беше натурализираниот борач, Магомед Ибрагимов (по потекло од Азербејџан), кој се закити со бронза на ЛОИ 2000 во Сиднеј.

Македонија чекаше повеќе од две децении за да го добие вториот медал на едни Олимписки Игри.

Овој пост го прекина Дејан Георгиевски, кој освои сребро на ЛОИ 2020 во Токио во теквондо во категоријата 80+ кг.

📸 JAVIER SORIANO/AFP via Getty Images

На главниот турнир, Георгиевски во осминафиналето го изненади актуелниот светски првак, Кубанецот Рафаел Алба Кастиљо, поразувајќи го со 11-8.

Во четвртфиналето следуваше борба со африканскиот полуфиналист Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, кој беше надмудрен во тактичка пресметка со 9-4.

Нашиот олимпиец во полуфиналето славеше со 12-6 над Кјо Дон Ин од Јужна Кореја и на тој начин закажа битка за златото против главниот фаворит, Владислав Ларин, во која загуби со 13-9.

World Champion Vladislav Larin from the ROC wins #Olympic #Gold!

Dejan Georgievski 🇲🇰 wins a historic #Silver – his country's first ever #Olympic #Silver in any sport!#Taekwondo #Tokyo2020 pic.twitter.com/3t1Hlj8rak

— World Taekwondo (@WorldTaekwondo1) July 27, 2021

Имено, Георгиевски беше знаменосец на отварачката церемонија на ЛОИ 2020, а воедно и единствен Македонец што исполни норма за натпреварување на овој глобален настан.

Македонскиот теквондист ја освои нормата на Европскиот олимписки квалификациски шампионат во Софија, совладувајќи го тогашниот актуелен олимписки шампион, Радик Исаев од Азербејџан, со конечни 13-6.

Софија се покажа како најуспешна дестинација во досегашната кариера на Георгиевски, поради фактот дека таму освои пет од вкупните девет златни медали во неколку натпреварувања – Софија Опен (2017, 2018 и 2020), Европски олимписки шампионат (2017) и Мулти Европски Игри (2019).

На бугарско тло, односно во Пловдив, во 2018, Македонецот доби уште едно злато за освојувањето на Мулти Европските Игри, а исто така беше шампион на Грис Опен (2018), на Туркиш Опен (2019) и на Словенија Опен (2020).

Единствената бронза на Георгиевски потекнува од Туркиш Опен во 2018, а трите сребрени медали ги доби на Медитеранските игри во Тарагона во 2018, на Србија Опен во Белград во 2018 и на Европскиот клупски шампионат во Солун во 2019.

Во пресрет на ЛОИ 2020, како што е наведено на официјалната веб-страна на Токио 2020, желбата на Георгиевски била да освои медал.

Нашиот најуспешен теквондист е роден во Скопје на 8 мај 1999 и членува во теквондо клубот Бутел, каде што е трениран од Дарко Костовски.

Dejan Georgievski🇲🇰 makes history as he becomes the first athlete from North Macedonia to reach an #Olympic #Taekwondo final.

Kyo Don In 🇰🇷 will compete for bronze. pic.twitter.com/khtHcBnEvR

— World Taekwondo (@WorldTaekwondo1) July 27, 2021
Tags: ГеоргиевскиЛОИ 2020ТеквондоТокио 2020
ShareTweet
Претходна вест

СРЕБРО СО ЗЛАТЕН СЈАЈ ! Георгиевски загуби во финалето

Следна вест

(ВИДЕО) Битката за врвот во корист на Сан Франциско

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Јуки Ито ја затвори скокачката сезона со победа во Лахти
Останато

Јуки Ито ја затвори скокачката сезона со победа во Лахти

✏️ Епов Насе
24/Мар/2023
Шведска и Норвешка најдобри на последните екипни спринтови
Останато

Шведска и Норвешка најдобри на последните екипни спринтови

✏️ Епов Насе
24/Мар/2023
(ВИДЕО) Бризбејн се врати од поразот во првото коло и го совлада Мелбурн
Останато

(ВИДЕО) Бризбејн се врати од поразот во првото коло и го совлада Мелбурн

✏️ Епов Насе
24/Мар/2023
(ВИДЕО) Бронкос го добија првото историско градско дерби на Бризбејн
Останато

(ВИДЕО) Бронкос го добија првото историско градско дерби на Бризбејн

✏️ Епов Насе
24/Мар/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Битката за врвот во корист на Сан Франциско

(ВИДЕО) Битката за врвот во корист на Сан Франциско

Последно

Јуки Ито ја затвори скокачката сезона со победа во Лахти

Шведска и Норвешка најдобри на последните екипни спринтови

(ВИДЕО) Бризбејн се врати од поразот во првото коло и го совлада Мелбурн

(ВИДЕО) Бронкос го добија првото историско градско дерби на Бризбејн

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.