Еден од најнеефикасните дуели од тековната НХЛ сезона, синоќа го одиграа Њујорк Ајландерс и Вашингтон Капиталс.
Имено, двете екипи се бореа за врвот на Источната дивизија, а натпреварот беше класична тактичка пресметка што накрај заврши во полза на Вашингтон.
По вкупно 65 минути игра, резултатот остана 0-0, а потоа следуваше пенал-серијата, која Капиталс ја добија со 2-1.
Во првата рунда, Џордан Еберле и Ти Џеј Оши ги промашија своите шутеви, а во втората и Ентони Бовилие и Никлас Бекстром успеаја да ја затресат противничката мрежа.
Решавачка беше третата серија во која Брок Нелсон не успеа да го совлада Илја Самсонов, а Евгениј Кузњецов им ја донесе победата на гостите.
Со новите два поени, Вашингтон е лидер на Истокот, додека второто место, со бод помалку, го делат Њујорк Ајландерс и Питсбург Пенгуинс.
📸 Steven Ryan/NHLI via Getty Images



