Синоќа, по вторпат во последните два дена, Питсбург Пиратес ги надиграа Детроит Тигерс со резултат од 2-4.
Имено, ,,Пиратите” стекнаа предност од 0-2 во првиот ининг, кога по четири бази освоија Адам Фрејзер и Брајан Рејнолдс.
Во вториот и во петтиот ининг, домаќините поентираа по еднаш преку Нико Гудрам (бази) и преку ЏаКоби Џонс (хоум-ран) и успеаја да израмнат на 2-2.
Клучна за победата на Питсбург беше осмата деветтина, во која по еден поен постигнаа истите играчи што се запишаа во листата на поентерите на почетокот на мечот.
Непосредно по натпреварот, Питсбург (9-10) го држеше осмото место во Националната лига, додека Детроит (7-12) беше тринаесетти во Американската лига.
📸 Gregory Shamus/Getty Images