
Пред само десет години, Јеовил Таун го порази Брентфорд и преку плејофот избори пласман во англискиот Чемпионшип.
Сепак, падот на единствениот професионален клуб од регионот Сомерсет беше рапиден, па од наредната сезона, ,,Гловерс” ќе се натпреваруваат во шестата лига.
Имено, со поразот од Рексам од 3-0 во заостанатиот меч од дваесет и седмото коло на Националната лига, Јеовил остана на дваесет и второто место без шанси за пробивање во сигурната зона.
Од друга страна, Рексам остана на првата позиција и дојде на само два бода од директна промоција во Лиг 2 после цели шеснаесет години.
На натпреварот, трите голови на Велшаните паднаа во интервал од седумнаесет минути, а стрелци беа Ентони Форд (60′), Џејмс Џонс (72′) и Пол Малин (77′).