
Бешикташ го презеде првото место на табелата на турската Супер лига со триумфот од 3-1 над Сивасспор во четвртото коло.
Домаќините, пред преполните трибини на ,,Водафон Парк”, во потполност ги надиграа своите ривали и ги ,,решија” уште во првото полувреме.
Во листата на стрелците двапати се запиша водечкиот голгетер на ,,Црно-белите”, Џексон Мулека (11′, 41′), а еднаш погоди и новото засилување од Барнли – Воут Вегхорст (29′).
Во самата завршница, Израелецот Диа Саба (86′) заби почесен погодок за гостите, кој воедно беше и негов дебитантски во турското првенство.
На табелата, со поразот на Фенербахче од Конјаспор од 1-0, Бешикташ изби на врвот, а Сивасспор се наоѓа на шеснаесеттото место.




