Во петок (2 септември) со почеток од 20.30 часот Еурофарм Пелистер против унгарскиот Веспрем ќе го игра полуфиналниот натпревар во СЕХА лигата на Фајнал-фор турнирот во Задар, Хрватска.
Нашата цел беше да стигнеме на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и сега имаме голем предизвик во името на Веспрем, еден од најдобрите светски клубови. Треба да одиме таму и да уживаме, да играме слободно. Тука ја гледам нашата шанса. Од недела во недела учиме и учиме заедно. Тоа е она што треба да го правиме во следните месеци и мислам дека околу Божиќ ќе го видиме вистинскиот лик. Се надевам дека нема да направиме многу грешки по пат и цел ни е секој натпревар да биде што е можно подобар. – изјави тренерот на Еурофарм Пелистер данецот Ларс Валтер.