Седумдесет и петтото издание на еднодневната велосипедска трка Курне – Брисел – Курне беше освоено од Тишј Беноот.
За Белгиецот, ова беше втора победа во кариерата и прва после 2018, кога триумфираше на ,,Страде Бјанке”.
Воедно, Беноот (04:33:06) стана првиот домашен победник на оваа трка после седум години, остварувајќи просечна брзина од 42,4 км/ч.
За триумфот на тимот ,,Џамбо-Визма” да биде двоен се погрижи клупскиот колега на победникот, Нејтан Ван Хоојдонк (+0:01), а третопласиран беше Словенецот Матеј Мохорич (+0:01).
Дел од водечката група беа уште Тако ван дер Хоорн (+0:01) и Тим Веленс (+0:01), а најбрзи од пелотонот беа Кристоф Лапорт, Арно Де Ли, Џорди Мееус, Фабио Јакобсен и Јаспер Стујвен (+0:43).