
Осмото Светско првенство во Т20 крикет во женска конкуренција заврши со нова доминација на Австралија.
Имено, претставничките на најмалиот континент дојдоа до шестата титула, односно трета во низа, откако во финалето славеа над Јужна Африка со 137/6 (20) – 156/6 (20).
За селекцијата на ЈАР, која беше домаќин на СП 2023, ова беше најдобар историски резултат, надминувајќи го полуфиналето од 2014 и од 2020.
На финалниот натпревар, најефикасни во првиот ининг беа Бет Муни (74*) и Ешли Гарднер (29), додека по два викети од ,,сребрената” селекција освоија Шабним Исмаил (2-26) и Маризан Кап (2-32).
Во вториот дел, од домашните удирачки, најмногу се истакна Лаура Волваардт (61), а од австралиските фрлачки, најдобра економија имаа гореспоменатата Гарднер (1-20) и Џес Џонасен (1-21).
Во полуфиналето, Австралија ја совлада Индија (172-168), додека ЈАР ја елиминира Англија (164-158).