Осмиот настан од новата велосипедска сезона беше 45. издание на Бриж – Де Пане.
Станува збор за еднодневна трка во Белгија, долга 203,9 километри, која почнува од Бриж, а завршува во Де Пане.
До четвртата победа на трките од ваков тип во својата кариера, дојде Ирецот Сем Бенет, кој ја помина патеката за време од 4:27:40.
Возачот на ,,Декојнинк-Квик Степ” во финишот ги натспринта сите припадници на водечката група и стана вториот Ирец што славел на оваа трка, односно прв после Шон Кели во 1980.
Од конкурентите, на подиумот се пласираа Јаспер Филипсен (,,Алпесин-Феникс”) и асот на ,,Бора-Хансгрое” – Паскал Акерман.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Џакомо Ницоло, Тимоти Дипон, Иго Хофштетер, Кеес Бол, Микаел Морков, Елија Вивијани и Станислав Аниолковски.
📸 Justin Setterfield/Getty Images