Турција ја победи Холандија со 4:2 во Истанбул во премиерниот меч во европските квалификации за настап на Мундијалот во Катар идната година. Холанѓаните кои ќе и бидат противник на Македонија на ЕП во последниот меч од фазата по групи во Амстердам на 21. јуни „настрадаа“ на „Кемал Ататурк“ и со убедлив пораз ги почнаа квалификациите за СП.
Бурак Јилмаз беше јунакот со хет-трик за стартна победа во Г групата од квалификациите за настап на Светското првенство идната година. Веднаш на почетокот на второто полувреме Турците зголемија на 3:0 со голот на Хакан Чалханоглу.
Холанѓаните доцна се разбудија, постигнаа два гола за две минути, а стрелци беа Класен во 75 минута и Лук Де Јонг во 78 минута. Јилмаз со третиот гол на мечот во 81. минута, што го постигна со прекрасен шут од слободен удар ги разби сите надежи на Лалињата за избегнување на премиерниот пораз во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.
Мемфис Депај во судиското продолжение не успеа да реализра удар од белата точка. Во прилог и видео од голот од слободен удар на Бурак Јилмас:



