сабота, мај 28, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Работнички и Јанта волеј во четврток ќе одлучат за титулата кај дамите

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 3, 2022
📁 Останато

Работнички Скопје се избори за мајсторка и ја врати предноста на домашниот терен во финалната серија од разигрувањето за првенствената титула во Првата женска одбојкарска лига на Македонија. Јанта волеј Кисела вода без трите Украинки кои заминаа по одигрувањето на третиот натпреввар од низата во петокот, немаше доволно сили за да слави во својата сала и со тоа трет пат да биде на врвот во првенството. Поискусниот состав на Работнички Скопје ја забележа шестата победа во деветтиот меѓусебен меч сезонава, па без разлика што губеше во финалето со 2-0, успеа да се доведе во фаворитска позиција пред мајсторката в четврток којашто ќе оди на МРТ-3 од 20 часот и 25 минути.

Тимот на Јанта волеј Кисела вода даде силен отпор со две 16-годишни одбојкарки на позициите на Собол и на Осипчук, како и со капитенката Тасевска како средна блокерка наместо Машковска. Новата коректоркаМери Бошковска освои 13 поени, а нејзината колешка од младата македонска репрезентација Анастасија Овнарска, заработи 7. Со нивна помош и предводени од Маројевиќ со 14 поени, ланските првенки го добија вториот сет, во третиот имаа водство од 19-16 и контра, но откако не успеаја да дојдат до позитива од четири, го загубија сетоти паднаа психолошки. Потоа се повреди и Маројевиќ, па Работнички Скопје немашепроблем да остане на курсот на вториот шампионски трон во клупската историја,којшто ќе значи двојна круна исто како и во 2019-та. Четири одбојкарки беа двоцифрени кај актуелните освојувачки на купот, Баталаковска освои 15, Ѓурѓевиќ12, Стојанова 11, а Лазарова 10.

Во втората лига, петтото коло од вториот натпреварувачки сегмент може конечно да ја отстани дилемата за првото место, а со тоа и за директен влез во елитата. Тоа ќе се случи доколку Македонија Макс се радува на гостувањето кај Вардар ЕМ, во спротивно неизвесноста ќе трае и во последната рунда иако струмичките одбојкарки се блиску до најквалитетнотодруштво поради водството со две победи во однос на вардарки. Ако скопскиотсостав остане втор, тогаш ќе игра бараж со Пелистер волеј за настап во Прваталига наредната сезона.

Прва лига (жени), финале

Работнички Скопје – Јанта волеј Кисела вода        1:3 (28:26, 18:25, 19:25, 20:25)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје        3:1 (25:19, 20:25, 25:19, 25:19)

Работнички Скопје – Јанта волеј КВ              3:2 (25:19, 25:22, 23:25, 22:25, 15:11)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје        1:3 (20:25, 25:15, 20:25, 14:25)

РаботничкиСкопје – Јанта волеј Кисела вода                (четврток, 20.30, МРТ-3)

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Барнмут официјално се враќа во Премиер лигата

Следна вест

Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(ВИДЕО) Фантастичен подвиг на Фриментл: Шампионите загубија за првпат сезонава
Останато

(ВИДЕО) Фантастичен подвиг на Фриментл: Шампионите загубија за првпат сезонава

✏️ Епов Насе
28/Мај/2022
(ВИДЕО) Два хоум-рани во четвртиот ининг за триумф на Јенкис
Останато

(ВИДЕО) Два хоум-рани во четвртиот ининг за триумф на Јенкис

✏️ Епов Насе
28/Мај/2022
(ВИДЕО) Колорадо во полуфинале со гол во последните секунди
Останато

(ВИДЕО) Колорадо во полуфинале со гол во последните секунди

✏️ Епов Насе
28/Мај/2022
(ВИДЕО) Голем пресврт на Сиднеј за победа во трилер-завршница
Останато

(ВИДЕО) Голем пресврт на Сиднеј за победа во трилер-завршница

✏️ Епов Насе
27/Мај/2022
Следна вест
Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација

Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација

Последно

(ВИДЕО) Фантастичен подвиг на Фриментл: Шампионите загубија за првпат сезонава

(ВИДЕО) Два хоум-рани во четвртиот ининг за триумф на Јенкис

(ВИДЕО) Колорадо во полуфинале со гол во последните секунди

(ВИДЕО) Полуфиналето помеѓу Бостон и Мајами ќе се одлучи со ,,мајсторка”

Новиот третолигаш доведе нов тренер: Сопственикот културно го ,,навреди” неговиот претходник

Бристол Сити се зајакна со два квалитетни слободни играчи

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.