
Во завршниот меч од седумнаесеттото коло на АФЛ, Карлтон Блус ги совладаа Вест Коуст Иглс со (8.5) 53-116 (17.14).
За Карлтон, ова беше прва победа над денешниот ривал после 2014, односно прв триумф на ,,Оптус Стадиум” после 2013.
Блус ја добија првата четвртина со убедливи 34-0, но Вест Коуст се врати во игра, намалувајќи 53-62 во третиот квартал.
Сепак, во четвртиот период, гостите од Мелбурн повторно не примија поен и му приредија рутински крај на натпреварот со серија од 46-0.
За домаќините, Џош Кенеди (2.1) дојде до јубилејниот седумстоти гол во АФЛ, а два гола забележа уште Џејк Вотермен (2.0).
Од друга страна, носители на играта на Блус, со по триесет и три постигнати поени, беа Хари МекКај (5.3) и Чарли Карноу (5.3).
На табелата, Вест Коуст остана на претпоследната позиција, а Карлтон се наоѓа на петтото место.