
Новата НФЛ сезона започна со мега-дуел помеѓу актуелните шампиони и најголемите кандидати за новата титула.
Имено, во првиот меч, Бафало Билс ги надиграа ЛА Ремс во Лос Анџелес со 10-31.
Билс поведоа со 0-10, но во втората четвртина, бранителите на шампионската круна го израмнија резултатот.
Сепак, во второто полувреме, Бафало даде дваесет и еден и не дозволи ниеден поен.
Квотербекот на Ремс, Метју Стафорд, уфрли 240 јарди од 29/41 обиди за додавање, еден тачдаун и три пресечени пасови.
Од домашните редови, единствени корисни играчи беа фаќачот Купер Кап (128 јарди) и шутерот Мет Геј, кои ги постигнаа сите поени.
На спротивната страна, топката во енд-зоната ја внесоа Стефон Дигс (122 јарди), Гејб Дејвис и Ајзеа МекКензи, заедно со квотербекот Џош Ален, кој истрча за еден тачдаун, подаде за три и освои вкупно 353 јарди.