Екипата на Бафало Сабрес се ,,пробуди” од резултатската криза, откако, после четири порази, ги совлада Њу Џерси Девилс со 2-3.
Во првата третина, Колин Милер им донесе почетно водство на Сабрес, а со двата погодоци во вториот период, Сем Рајнхарт ја зголеми предноста на 0-3.
Во третиот период, Девилс успеаја само да го намалат својот заостаток преку Кајл Палмиери и преку Пи Кеј Субан.
На табелата, двата клубови ги заземаат последните две позиции во Источната дивизија.
📸 John Crouch/Icon Sportswire via Getty Images